Натурализираниот Македонец, Егоров – нов европски шампион во борење

Македонскиот борач Владимир Егоров, е нов европски шампион во категорија до 57 килограми. Тој денес беше подобар во финалето од азербејџанскиот натпреварувач Рзазде, кој го победи со убедливи 10:0.

Натурализираниот македонски натпреварувач со руско потекло, направи одличен резултат, кој може да биде увертира на тоа што може да се случи вечерва во Порто, ако селекцијата на Македонија обезбеди пласман на СП во Катар.

Егоров претходно беше подобар од Штехел (Германија) и од Ханцрстијан со исто така 10:0.