Натпреваруваањето во Twingo Cup продолжи со трката на Ушче

Натпреварувачот Давид Малиновски ја оствари својата  премиерна победа на годинешниот TWINGO CUP…

По доминацијата на Мартин Делев изминатите три трки, вчера, на патеката „Ушче“ во Белград , триумф на Давид Малиновски во рамки на TWINGO CUP – натпреварувањето.

Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути, пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди.

Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски.

Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишираше на четвртото место, додека петти беше Иван Стефановски.

Тројца возачи не ја завршија трката: Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски.

Натпреварувањето во TWINGO CUP продолжува со петтата трка сезонава, што ќе се одржи во Кичево од 20 до 22 септември.