Настрана мислењето на „чичко Берни“ – Хамилтон (ќе) се прашува за она што следува..

Позади најбрзиот авто-мото спорт, стои една од највозбудливите сезони во последните 15 години, во која Макс Верстапен на драматичен начин дојде до титулата светски шампион.

За некои заслужена, за дел од навивачите контроверзна, бидејки е остварена на доста комплесни ситуации на патеката во Абу Даби, но како и да е, на крајот бројките се сметаат, па Верстапен ја впиша првата титула во кариерата, додека Хамилтон остана на седум, исто колку и Михаел Шумахер.

Но она што ќе биде најактуелно во следните неколку недели, е дали Луис Хамилтон дефинитивно ја одвоза последната сезона во кариерата, или ќе се обиде уште еднаш да дојде до рекордната осма и да стане најтрофејниот во Ф1 историјата.

Навивачите на Мерцедес сигурно дека ќе посакуваат уште една сезона за Хамилтон на патеките, со цел да му врати на Макс Верстапен во рамноправна битка за загубената титула, но и да стане светски број1, минувајки го и официјално Шумахер во статистиката со најмногу светски титули во Ф1.

Не дека Хамилтон не го победи Шумахер во повеќето статистики, но голема е веројатноста Хамилтон да си даде сам на себе уште една сезона, односно шанса.

Иако Берни Еклстоун смета дека Хамилтон заврши со Ф1 по оваа сезона, сепак, постојат шанси Хамилтон да смогне сили, односно да се мотивира сам и повторно да излезе на гридот, барем уште една сезона.

Мерцедес најдобро ќе знае што да му советува на Хамилтон, во однос на тоа каков болид со какви перформанси ќе имаат во пред-сезоната, веројатно тогаш ќе се знае дали Хамилтон ќе биде дел од идната сезона.

Останува на времето само да видиме дали Британецот ќе остане во Мерцедес, од идната сезона со нов, поамбициозен колега, Џорс Расел, па заедно да атакуваат на двојните