Македонските одбојкари денес го играат најважниот меч во нивните кариера, како што многумина од нив најавија. А противникот е ни помалку ни повеќе – актуелниот светски и европски првак Италија.
Освен тоа ќе играат на домашен терен, во Бари пред преполни трибини. Ова секако ќе биде уште еден мотив плус за „црвено-жолтите“. „Црвено-жолтите“ во 1/8 финалето нема што да загубат, а за силината на противникот и тоа како се свесни.
-Не е како дома, се навикнавме некако дома. Цело лето бевме во Скопје и припреми и натпревари, па ова ни е единствено патување, но најслатко. За нас честа е огромна што сме тука, изјави Љафтов.
Еве полека се адаптираме, имаме некои проблеми. Јас имам настинка, а пола од репрезентацијата имаат слични симтоми. Се надевам дека се ќе биде добро и да не помине, но јас ќе играм и со настинка и ќе дадам се од себе.
Дуелот Италија – Македонија на програмата е денес со почеток во 18 часот, а салата е целосно распродадена.