Нашиот најголем адут за медал во Токио немаше среќа на ждрепката

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски, чие ексклузивно интервју со „Спортклуб“ можете да го погледнете ТУКА, немаше среќа во ждрепката за првото коло на Олимпијадата во Токио.

Георгиевски во категоријата до 80 килограми уште во првото коло ќе се соочи со Рафаел Алба од Куба, кој е двоен светски првак. Дуелот меѓу Георгиевски и Алба ќе се одржи на 27 јули од 3:15 часот по наше време, а се надеваме дека нашиот претставник и знаменосец на Олимпијадата ќе успее да забележи добар резултат.

Инаку, Георгиевски е еден од нашите најголеми адути за освојување на медал на престојната Олимпијада. Тој е првиот таеквондист од нашата земја кој ќе учествува на Олимписки игри, а во квалификациите за Токио успеа да го елиминира и актуелниот олимписки шампион.

Со оглед на тоа дека Георгиевски има златен медал од Европско првенство во 2017 година и е меѓу фаворитите за медал во Токио, неговата пресметка со Алба претставува своевидно дерби во првото коло. Во случај да победи, Георгиевски во голем стил ќе го најави својот поход кон медал во Токио.