Народниот херој Јирген Клоп доби улица – во БиХ

Во непосредна близина на стадионот Тушањ во Тузла, денеска осамнала плоча на која пишува: Улица на народниот херој Јирген Клоп.

Не е познато кој се одлучил на ваков чекор, но се претпоставува дека е некој огромен навивач на Ливерпул. „Црвените“ чекаа титула во Премиер лигата точно 30 години, а една сезона претходно триумфираше и во Лигата на шампионите.

Со својата харизма одамна ги освои навивачите на Ливерпул од цел свет, но по четиригодишен пост, лани почна да освојува и трофеи и досега веќе има четири.