Наполи победи, новинарите веднаш го прашаа Анчелоти дали заминува: Оставка не давам сигурно, но..

Наполи вечерва беше сигурен против Генк, во меч кој го добија со 4:0 и со кој го потврдија учеството во нокаут фазата од ЛШ.

Но до последна граница не се знае иднината на Карло Анчелоти, тој по мечот го потенцираше токму тоа.

Јас во животот не сум дал никаде оставка и нема да го направам тоа овде. Утре ќе имам средба со претседателот Де Лаурентис и ќе зборуваме за актуелната ситуација. За оставка не размислувам, никогаш не сум го направил тоа во кариерата. Доколку претседателот смета дека е потребна тренерска промена, нека ми дадат отказ“, истакна Анчелоти.

Анчелоти доста искускно го префрли тежиштето на грбот на Де Лаурентис кој сега има избор, да се раздели со искусниот стратег или да го задржи барем уште неколку недели.

Следно коло Наполи игра против Парма во Серија А.