Јапонската тенисерка Наоми Осака славеше денес во финалето од Австралија Опен против Џенифер Брејди.
Осака денеска успеа да ја оправда улогата на фаворит и за нешто повеќе од еден час игра успеа да го реши мечот.
Наоми игра во фантастична форма на турнирот и на крајот сосема заслужено дојде до победата во финалето и титулата на првиот гренд слем во сезоната.
Брејди во првиот сет успеа колку-толку даваше отпор против Осака, но тоа не беше доволно. Првиот сет се играше 43 минути и Осака успеа да слави со 6:4 и поведе со 1:0 во сетови.
Во вториот сет, јапонската тенисерка заигра нешто поопуштено, но сеедно Брејди не успеа да се врати во мечот. Вториот сет Осака успеа да го задржи за нешто повеќе од половина час и го доби со 6:3, а со тоа дојде и до титулата во Мелбурн.