Нант го освои Шпаркасе купот против Фуксе Берлин во Германија

Ракометниот клуб Нант го освои Шпаркасен Купот во Германија, натпреварувајки се против Фуксе Берлин, клубот за кој потпиша екс голманот на Вардар, Дејан Милосављев.

Французите го освоија овој куп со резултат 26:23, а свој удел во победата имаше и капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

Тој беше еден од подобрите поединци на францускиот колектив, постигнувајки осум погодоци.