Најслабо издание и убедлив пораз на одбојкарите

Одбојкарската репрезентација на Македонија го прикажа најлошото издание и го претрпе најубедливиот пораз на Европското првенство.

По поразите од Финска и Холандија, нашата селекција денеска е совладана од Турција со 0-3, но разочарувачки е односот кој го прикажаа македонските одбојкари. Во трите сета се освоени вкупно 48 поени, а Турција славеше со 25-22, 25-12 и 25-14.

Филип Манџуков и Никола Ѓорѓиев беа најефикасни во македонската репрезентација, но со само седум поени. Во последните два меча, Македонија ќе игра против Шпанија и Русија, селекции кои, покрај нашата, се најслаби во групата.