Најплатените селектори на ЕУРО – оние што ќе се борат за титулата

На неполн ден пред почетокот на Европското првенство, направена е и листата на најплатени селектори на репрезентациите кои ќе учествуваат на него.

На првото место се наоѓа германскиот предводник Јоаким Лев кој е на функцијата веќе 15 години, а веќе е познато дека по првенството си заминува од неа. Неговата плата изнесува 4,75 милиони евра годишно.

На второто место е селекторот на актуелниот светски шампион Дидие Дешамп со 4,39 милиони евра, а трет е Франк де Бур од Холандија со годишна плата од три милиони.