Најплатени фудбалери во светот – Роналдо повторно на престолот пред Меси

Форбс деновиве објави листа на најдобро платените фудбалери во светот и на таа листа повторно предничи Кристијано Роналдо пред Лео Меси.

Како што стои во информацијата на Форбс, за сезоната 2021/22, Роналдо ќе заработи 125 милиони долари. Од наведената сума, 70 милиони долари се приходи од плата, додека остатокот е од спонзорства и лично брендирање на разни производи.

Само тројца спортисти заработуваат повеќе на комерцијалниот пазар, Роџер Федерер 90 милиони долари, Леброн Џејмс 65 милиони долари и Тајгер Вудс 60 милиони.

Втор на листата на најскапо платени фудбалер е Лео Меси, кој по сезона заработува по 110 милиони долари.

На третата позиција е Нејмар со 95 милиони долари, зад него остана Килиан Мбапе со 43 милиони, па следува Саалах од Ливерпул со 41 милиони, Левандовски од Баерн Минхен со 35 милиони, Иниеста од Висел Кобе со 35 милиони, Погба од Јунајтед со 34 милиони, Бејл од Реал Мадрид со 32 милиони и Азар од Реал Мадрид со 29 милиони.