Најнов момент: Пол-позицијата на Верстапен под истрага – ќе падне ли „лудиот Макс“?

Макс Верстапен и официјално е под истрага поради освоената пол-позиција во Мексико.

Тој по квалификациите призна дека ги игнорирал жолтите знамиња во својот последен брз круг во кој дополнително го поправи своето време и се стекна со пол-позиција.

Валтер Ботас се заби во ѕидот во последниот свиок на крајот од Q3, додека останатите беа се уште во своите брзи кругови.

Беа покажани жолти знамиња, што значи дека сите мора да внимаваат на патеката пред себе.

Бев свесен дека Валтери имаше судир со ѕидот“, призна Верстапен.

Два часа по квалификациите, ФИА извести дека пол-позицијата на Ред Бул е под знак прашалник, односно Верстапен е повикан на состанок со стјуардите, каде ќе се решава за автентичноста на постигнатото најбрзо време.

Доколку се случи да ја загуби, Леклер утре стартува од првата позиција.