Најлошиот спомен на Шуми: Тогаш помислив дека вака изгледа кога одиш на оној свет

Еден од најдобрите возачи и најтрофејни во историјата на Михаел Шумахер имаше голема несреќа во 1999 година, кога излета со болидот и ја скрши ногата.

Тоа се случи за ГН на Британија на патеката Силверстоун, откако му откажаа заднините сопирачки, тој заврши во гумите кои служат како бариера пред бетонскиот ѕид.

Германецот тогаш заработи повеќекратна фрактура, па за него сезоната беше завршена.

Нетфликс на 15 септември ќе го објави документарецот за Шумахер во кој некогашниот ас на Ферари, го опишува тој момент.

Не можев да излезам, а се обидував да ја извлечам ногата која ми беше заробена. Лежев и посакував само малку да се смирам. Е тогаш наеднаш почуствував дека срцето се побавно ми чука, со додека во еден момент не престана. Тогаш помислив, вака изгледа кога одиш на оној свет“, се присеќа Шумахер.

Инаку за него се уште нема доволен број информации за здравствената состојба. Последно што се знае е дека Шуми контактира со најблиските преку поглед.