Најлошиот Пеп во историјата: Четврти со 9 бода помалку

Уште од стартот на сезоната Манчестер Сити има проблем со својата форма и заостанува зад Ливерпул.

Но, она што се случува сезонава има афект и врз Гвардиола. Никогаш откако е професионален тренер, тој не бил четвртопласиран по 12 одиграни кола. Најлош пласман му беше третото место во сезоната 16/17, но и тогаш заостануваше само еден бод зад лидерот.

Сега има само 25 бода што е, исто така, најлош биланс за овој период во неговата кариера. Сето ова ја прави невозможна неговата работа во борбата за шампионската титула во Премиер лигата.