Најлошиот Формула 1 тим има нов менаџер, тој доаѓа од Мерцедес

Тимот на Вилијамс денеска соопшти дека Џејмс Воулс од 20 февруари ќе ја преземе функцијата директор на тимот во Формула 1.

Британскиот тим објави во соопштението дека Воулс ќе ја преземе улогата пред претсезонските тестирања во Бахреин (23-25 ​​февруари).

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 5 март со Големата награда на Бахреин.

Вилијамс минатата сезона заврши на последното место во шампионатот за конструктори, а директорот на тимот Јост Капито и техничкиот директор Франсоа-Ксавиер Демајсон поднесоа оставки по лошите резултати во декември.

Воулс (43) претходно работеше во Мерцедес каде имаше клучни инженерски улоги и му помогна на германскиот тим да ги освои шампионските титули за конструктори од 2014 до 2021 година.