„Најк“ постави неверојатен услов, но Де Јонг експресно го одби

Младиот холандски фудбалер Френки де Јонг ќе го напушти Ајакс на крајот од сезоната и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.

Де Јонг уште пред неколку месеци потпиша договор со Барселона, но одлучи да остане во Ајакс до крајот на сезоната. Со холандскиот клуб ја освои двојната круна, па сега својата кариера ќе ја гради во дресот на каталонската екипа.

Барселона за Де Јонг плати 75 милиони евра и сигурно дека од него очекуваат многу во иднина. Многумина сметаат дека овој 22-годишен фудбалер има потенцијал достојно да ги замени Андрес Иниеста и Чави.

Иако допрва треба да ја има својата официјална промоција на „Камп Ноу“, за него „Најк“ постави неверојатен услов кој тој веднаш го одбил. Имено, во „Најк“ сметаат дека би бил добар маркетиншки потег ако на дресот му пишува Френки, наместо Де Јонг.

Меѓутоа, Холанѓанецот ова веднаш го одбил и порачал дека на дресот ќе му биде презимето, а не името. Де Јонг има договор со „Најк“, но порача дека не сака да исполнува услови на таков начин.