Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит го договори најголемиот излезен трансфер во историјата на тимот од „Пољуд“.
Клубот го продаде Лука Вушковиќ (16) на Тотенхем, кому ќе му се приклучи во 2025 година кога ќе биде полнолетни.
Според островските медиуми, трансферната цена се движи меѓу 11 и 14 милиони евра, што значи дека ова е најголемата зделка што сплитскиот клуб ја направил во историјата.
Вушковиќ за Хајдук дебитираше на 16 години и два дена против Динамо Загреб, што го израмни рекордот кога ќе ги погледнеме најмладите играчи во историјата на тамошното првенство.
Три дена подоцна стана најмладиот стрелец во историјата на Хајдук, откако постигна гол во победата над Осиек во Купот.
Покрај Тотенхем, Вушковиќ го бараа уште пет големи клубови. Инаку, тој досега има вкупно 11 настапи за првиот тим на Хајдук.