Најголемата глупост во историјата на ракометот? Не поминаа ни 30 секунди од натпреварот …

Пред неколку дена беше направена можеби најголемата глупост во историјата на ракометот.

Натпреварот од француското првенство меѓу Данкерк и Нанси ќе останеше незабележан од поголемиот дел од европската ракометна јавност да не беше Тиаго Роча.

Имено, португалскиот ракометар доби директен црвен картон, без да поминат ниту 30 секунди од натпреварот, што навистина звучи неверојатно.

Роча ја заврши својата игра во првиот напад по навистина груб и неразбирлив фаул над Том Пелеј.