Најголема исплата во историјата на обложувалницата: Дедо ja земал добивките во готовина со количка

Американскиот бизнисмен Џим Мекингвејл (71), попознат како Матрес Мек, пред неколку дена ја освои најголемата добивка во историјата на обложувалницата од речиси 75 милиони долари.

Бизнисменот од Хјустон, Џим Мекингвејл, секоја година го прави истиот облог. Тој се обложи со милиони дека Астрос ќе ја освои титулата во МЛБ, и така беше.

Џим на тој начин вложил вкупно 10 милиони долари за освојување на лигата на неговиот омилен тим. Неговото предвидување на крајот се оствари и тој ја освои најголемата победа во историјата на букмејкерот.

МекИнгвејл веднаш решил да си ја зеде добивката. Тој отпатувал во Лас Вегас каде се обложувал и бил исплатен во готово.

Одеше од казино до казино каде оставаше облози. На крајот, вкупната освоена сума изнесувала 73,6 милиони долари.

Матрес Мек е снимен на аеродромот како довезува пари до авионот. Тежината беше доста тешка, но овој 71-годишник се уште е способен сам да го направи сето тоа.

Овој дедо е сопственик на синџир продавници за мебел. Неговото богатство се проценува на 350 милиони долари, а сега таа бројка дополнително се зголеми.

Секако треба да се истакне дека во претходните години често губеше огромни суми на пари обложувајќи се на победата на Астрос. Сепак, тој не се откажува од облози и тоа му се исплатеше оваа сезона.