Најдоброто допрва претстои: Ѓоковиќ ќе собори уште многу рекорди

Од пред два дена, Новак Ѓоковиќ ја тера 312. недела како првопласиран на АТП листата, а многумина се уверени дека ќе остане на чело најмалку 400 недели.

Неговите тренери Горан Иванишевиќ и Марјан Вајда во интервју за Експрес, изјавија дека очекуваат Србинот да собори уште многу рекорди пред крајот на неговата кариера.

„Со Новак, секој ден се однесува на напредок, тој постојано се обидува да биде подобар и кога ги гледам тие резултати, сфаќам дека и нас тоа не прави подобри тренери. Не е лесно, има многу подеми и падови, притисок, бидејќи за него финале не е доволно добро. Тој се стреми кон рекордите и нема сомнение дека ќе собори уште многу во кариерата. Без тој притисок, животот е здодевен“, смета Горан Иванишевиќ.

Следен предизвик за Ѓоковиќ е да ги престигне Надал и Федерер по бројот на освоени Гренд слем титули. Србинот досега има 18, два помалку од од спомнатиот двоец.