Најдобриот тенисер во историјата, до крајот на годината ќе излезе од топ20

Младиот италијански тенисер Флавио Коболи, ја критикуваше ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ.

Коболи од секогаш бил навивач на Ѓоковиќ, па покрај останатото, сега му пречи тоа што се случува и што српскиот тенисер е во моментов на седмата позиција.

Ѓоковиќ неодамна го освои Вимблдон, но ден потоа падна на седмата позиција на АТП листата, а нови падови се можни ако тој не игра во Америка и Канада.

„Не знам навистина што треба да направиме, но мислам дека тоа што најдобриот тенисер на сите времиња ќе излезе од топ20, нема да биде добар знак за тенисот. Според мене најдобро е да му дозволат да игра во Америка, затоа што е еден од најдобрите“, смета Коболи кој е моментално 137. тенисер на АТП рангирањето.