Најдобриот спортист во 21. век е пливач, првиот тенисер не е ни во топ-10

Угледниот шпански спортски дневник Марка направи избор на најдобрите 100 спортисти во 21. век, но крајниот исход е изненадувачки за многумина.

На првото место се најде американскиот пливач Мајкл Фелпс, освојувач на 23 златни медали од Олимписките игри, почнувајќи од Атина 2004 до Рио де Жанеиро 2016 година. На второто место е атлетичарот Јусеин Болт, а третото место го освои тенисерот Роџер Федерер.

Зад нив се: Рафаел Надал, Коби Брајант, Тајгер Вудс, Лионел Меси, Луис Хамилтон, Валентино Роси и првата десетка ја заокружува Кристијано Роналдо. Интересно е тоа што во топ-10 го нема првиот светски рекет и освојувач на 17 Гренд слем титули – Новак Ѓоковиќ кој се најде на 11. место.