Најдобриот македонски одбојкар кариерата ја продолжува во Бундес лигата

Никола Ѓоргиев, капитенот на македонската одбојкарска репрезентација и воедно најдобар наш одбојкар се реши во новата сезона повторно да се врати во Европа откако потпиша за Фридрихсшафен од Германија.

За потсетување, Ѓоргиев изминатата сезона настапуваше во Јапонија за тимот на Осака.

Што се однесува до новиот тим на Македонецот, Фридрихшафен во 2007 година триумфира во Лигата на шампионите, а во германското првенство има освоено 13 шампионски титули и 16 трофеи во Купот. Германскиот тим минатата сезона заврши како второпласиран во домашниот шампионат.

Во својата досегашна кариера, Никола настапуваше за Раднички Крагуевац (Србија), Волеј Форли (Италија), Малије Мили Пјанго (Турција), Париз Волеј (Франција), Онико Варшава(Полска), Тореј Ароус и Осака Блејзе (Јапонија).