Најдобриот играч на МЗТ Скопје кој си замина во САД, брзо се врати во Европа

Најдобриот кошаркар на старот на сезона од редовите на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје кој го напушти клубот на почетокот на минатиот месец има нова средина.

Имено интернационалецот од Кенија, Нуни Омот кој во АБА2-лигата имаше просек од 14,2 поени, 3,8 скока и една асистенција, додека во домашното првенство просечно реализираше 18,5 поени, 4,5 скока и една асистенција има нов клуб.

Омот откако „штрковите“ ги напушти поради семејни проблеми, барем така беше кажано од МЗТ Скопје, и замина назад во САД, сепак се реши за брзо да се врати во Европа.

Onze nieuwe aanwinst Nuni Omot is inmiddels in Leiden gearriveerd. We hopen hem zo spoedig mogelijk aan het werk te kunnen zien #teamworkiskey

Gepostet von ZZ Leiden Basketball am Sonntag, 1. Dezember 2019

Овојпат како играч на ЗЗ Леиден од Холандија каде што пред неколку дена беше промовиран.