Најдобрата тенисерка во светот за проблемот со топките на УС ОПЕН

Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек, се пожали на квалитетот на топчињата со кои ќе се игра на УС ОПЕН.

Таа им замери на организаторите на турнирот што користат сосема различни топки во женскиот во однос на машкиот турнир.

Кај тенисерките се користат нешто полесни топки, што е за играчите како Швјонтек, голем проблем.

Правиме повеќе грешки со топките, не е убаво за гледање, не знам зашто топките се разликуваат. Топките се секогаш тешки за контролирање, па треба да се избориме да имаме исти топки како и мажите. Не разбирам зошто мора да се разликуваме“, истакна Швјонтек.