Најдобрата наша тенисерка игра одлично: Освои нов турнир – славеше во Анталија

Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа денес освои нова титула во кариерата откако славеше во финалето на ИТФ турнирот во Анталија, Турција.

Лина во финалето славше од Уна Орпана од Финска со 2-1 во сетови 6:4, 6:7, 6:1 со што дојде до нова титула и награда од 15.000 долари.

Битката за титулата траеше околу два ипол часови, а се можеше да биде завршен за многу пократко време доколку Ѓорческа ја искористеше меч топката што ја имаше во вториот сет при водство со 5:4 во гемови.

Во 2019 година за Македонката ова е втора титула во поединечна конкуренција. Исто така претходно славеше на турнир во Анталија.

Ѓорческа може да се пофали дека има и пет титули во игра на двојки во оваа сезона. Со Русинката Анастасија Комардина триумфираа во Есен (Германија), Минск (Белорусија) и Гечо (Шпанија), со Романката Кристина Дину го понесоа трофејот од Хехинген (Германија), а со Маријана Дражиќ од Хрватска победија во Анталија.