Најдобрата македонска тенисерка по подолг период освои титула: Лина најдобра во Белорусија

Моментално најдобра македонска тенисерка Лина Ѓорческа по подолг период дојде до титула.

Ѓорческа денсез заедно со Анастасија Комардина од Русија стигнаа до трофејот на турнирот во двојки во главниот град на Белорусија, Минск.

Македонска-рускиот двоец дојде до победа во финалето против домашните тенисерки Креме и Шиманович од Белорусија со 2-0 во сетови (6-7, 6-4, 10-8).

Ова е втора титула на Ѓорческа и Комардина, откако претходно победија и на турнирот во Есен, Германија.