Најден начин да му се оддаде почит на Меси, утре во 10-тата минута ќе застане се

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона е веројатно вест на деценијата во светот на фудбалот.

Каталонскиот клуб потврди во четвртокот дека легендарниот Аргентинец нема да ја продолжи соработката со клубот и дека поради финансиски проблеми немаат можност да го задржат.

Меси својата проштална прес-конференција ќе одржи утре на пладне, а во вечерните часови Барселона ќе игра пријателски меч против Јувентус.

Според одредени информации, навивачите на Барселона во 10-тата минута од овој меч во чест на Меси ќе започнат да го скандираат неговото име.

Таа пракса би требало да продолжи и во сите домашни натпревари и на тој начин навивачите на каталонскиот клуб сакаат да му се заблагодарат на Меси за се што има направено за клубот, а исто така е и пригоден начин да му се одаде почит со оглед на тоа дека нема да има прилика да биде испратен пред полни трибини, онака како што сите во Каталонија посакуваат и како што заслужува.

Лео кариерата би требало да ја продолжи во редовите на француски ПСЖ со кој веќе преговара за условите од договорот.