Најбрзиот циркус пристигна во „Градот на гревот“ – Леклер „пол“ во Лас Вегас

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои „пол“ позицијата во квалификациите за трката во Лас Вегас, претпоследна во Формула 1 шампионатот.

Ова беше петти „пол“ за пилотот од Монако оваа сезона, која по прашање на шампионот беше одамна решен.

Ново/стариот шампион Макс Верстапен забележа трето најдобро време, па трката ќе ја започне од вториот ред, зад дуото на Ферари, Леклерк и Саинц.

Леклер доминираше во Вегас, поставувајќи најдобри времиња во секоја фаза од квалификациите, но многу љубители на „најбрзиот циркус“ добро знаат дека стартната позиција на трката му нанесе повеќе штета отколку корист на пилотот на Ферари во неговата досегашна кариера.

Имено, Леклер во кариерата 23 пати прв почнал со трки, но таа предност успеал да ја искористи само за пет пати.

На висина на задачата беше и вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, кој го забележа второто време. Разочарувачки квалификации имаше Луис Хамилтон, кој трката ќе ја започне од 11. позиција.

Во генералниот пласман Верстапен е убедливо прв со 524 бодови, неговиот клупски колега Перес има 258, Хамилтон е трет со 226 бодови…