Најавите се остварија: Вујо се врати во Вардар

Вардар го потврди новиот тренер од идната сезона, тоа е Веселин Вујовиќ.

Долго време се шпекулираше со негово повторо доаѓање во Скопје, а тоа денес и официјално беше потврдено.

Вујовиќ доаѓа како наследник на Стевче Алушовски, а за новата сезона ќе добие седум нови имиња во тимот.

Црногорскиот стратег по трет пат ќе седне на тренерското столче во Вардар, па како што самиот истакна на првата пресконференција, се надевам дека во третиот мандат со „црвено-црните“, ќе има повеќе успех од претходно.