Најави ли Хамилтон брутална војна? Ништо нема да ми застане на патот!

Добар дел од неутралната публика го обвини Луис Хамилтон дека на нечесен начин сакал да се стекне со предност на денешната трка во Силверстон, што на крајот и тоа го реализира.

Исто така и од гаражата на Ред Бул беа бескомпромисни и единствени во коментарите дека Хамилтон е виновникот.

Верстапен беше елиминиран уште во првиот круг, што остави простор за Хамилтон да извлече максимум бодови и да ја намали разликата во однос на Холанѓанецот.

Светскиот шампион смета дека сепак победата му е чиста и дека никој нема да му застане на патот да победува, што исто така е окарактеризирано како брутална изјава по она што му се случи на Верстапен.

„Горд сум на момците од гаражата за тоа како работат со цел да ги подобрат перформансите на болидот. Се разбирам секогаш се обидувам да сум најдобар на патеката, посебно во битката против Мкас. Знаете дека е доста агресиувен , а денеска, мислам дека вината беше на негова страна, затоа што не ми остави доволно простор“.

„Без оглед на тоа, ја прифаќам казната во целост и ќе продолжам максимално посветено да работам на подобрување на перформансите. Реков и ќе повторам, ништо нема да ми застане на патот“, порача Хамилтон.