Најава од Австралија Опен: Ќе имаме историски турнир

Првите луѓе на АО, дефинитивно потврди дека првиот Гренд слем во годината ќе се одржи во периодот од 8 до 21 февруари.

По неколкумесечна неизвесност и мачни преговори, конечно е постигнат договор за датумот и одигрување на натпреварите.

Директорот на турнирот Крег Тајли, потврди дека тенисерите и тенисерките ќе се натпреваруваат за награден фонд од 80 милиони долари, што ќе биде за 8 милиони повеќе од претходните изданија.

Ова ќе биде историски Австралија Опен на многу нивоа. По прв пат во повеќе од 100 години ќе се игра во февруари и се надеваме дека на играчите ќе им го понудиме најдобриот турнир“, порача Тајли.