Надојден Вардар ја поплави Струмица: „Црвено-црните“ се есенски шампиони

Доминацијата во домашното првенство оваа есен Вардар ја круниса со убедлива победа над Академија Пандев во Струмица по која ја зголеми предноста во однос на најблискиот конкурент.

Најтрофејниот македонски клуб славеше со 3-0, продлабочуавјќи ја со тоа кризата на Академија Пандев која веќе шест кола не знае за победа и во тој период освои само три бода. Два од трите гола за Вардар постигна првиот стрелец во лигата Аврамовски, а последниот беше дело на Брдаровски во финишот.

На второто место сега е Шкендија која има ист број како Академија Пандев (27), но подобра гол-разлика. Тетовци го прегазија Шкупи со 4-0 со головите на Бесарт Ибраими и Жуниор кои по два пати се запишаа во листата на стрелците.

Последното коло, идниот викенд, ќе каже дали Вардар на зимски одмор ќе оди со пет, шест, осум или 11 бода предност пред ривалите.

РЕЗУЛТАТИ
Ак.Пандев – Вардар 0-3
Борец – Ренова 1-0
Работнички – Силекс 1-1
Шкендија – Шкупи 4-0
Македонија ЃП – Струга 1-1
ТАБЕЛА
Вардар 35 бода, Шкендија и Академија Пандев по 27,