Надежите на Јужна Кореја вечно ќе ја паметата Македонија – се искачија на врвот на Светот

Денес официјално заврши кадетскиот Мундијал во женска конкуренција откако во финалниот натпревар селекцијата на Јужна Кореја ја совлада селекцијата на Данска со резултат од 31:28.

Притоа селекцијата на Унгарија беше подобра од селекцијата на Холандија во натпреварот за бронзениот медал со резултат 27:26.

На Мундијалот кој се одржуваше во Скопје периодот 29.07-10.08.2022 се одиграа 115 меѓународни натпревари со 32 земји учеснички.

Македонската селекција ова Светско првенство го заврши на 12. место во генералниот поредок.