Надежите до 19 години само со реми против БиХ, следен предизвик Англија

Македонската репрезентација до 19 години одигра 0:0 против Босна и Херцеговина во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна рунда квалификации за Европско првенство.

Со освоениот бод, Македонија и БиХ ќе бараат шанса за пласман во следната фаза во натпреварите против Англија и Луксмбург.

Најголемата шанса на мечот ја имаа гостите кои во 71. минута преку Станиќ погодија во пречката од нашиот гол.

Во 2. коло на надежи се соочуваат со Англија на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Денеска Англија со 4:0 го совладаа Луксембург на стадионот во Ѓорче Петров.