Надал жестоко кон навивачите на Ѓоковиќ: Воопшто немаат почит, мислат дека играме фудбал!

Србија ја победи Шпанија во финалето од АТП Купот, а Рафаел Надал имаше замерки за навивачите од нашето соседство, кои евидентно беа на страната на Новак Ѓоковиќ.

Надал се пожали кај судијата дека од трибини доаѓа премногу време и дека не може да се сконцентрира на играта, по што бурно реагираа навивачите на Ѓоковиќ.

По натпреварот, тој не штедеше на зборови и критика.

„Публиката беше одлично, но во некои земји луѓето не знаат како функционира тенисот, понекогаш мислат дека ова е фудбал. Мора да постои почитување, сега го немаше на овој меч“, истакна Надал.