Надал воодушевен од сонародникот кој го сруши Ѓоковиќ: ГРАНДЕ ПАБЛО!!!!!!

Поразот на Новак Ѓоковиќ за бронзениот медал, беше причина за радост кај Рафаел Надал.

Шпанецот иако е познат како голем спортист и секогаш го поддржува својот голем ривал, но и пријател, Ѓоковиќ, сепак, сега се радува на тоа што неговиот сонародник Пабло Карењо Буста, освои бронзен медал на Олимпијадата.

Шпанецот преку Инстаграм испрати моќна порака до неговиот сонародник.

Големиот Пабло. Каква радост! Честитки!“, беше пораката на Рафа Надал.

Ѓоковиќ остана и без утешната бронза во Токио во сингл, а не го одигра и мечот со Нина Стојановиќ во дубл конкуренција.