Надал во драматичен меч со пресврт се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Рафаел Надал успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон по драмата од пет сета против Тејлор Фриц. Двократниот победник на овој турнир од 2008 и 2010 година и втор носител на овогодинешното издание на овој меч двапати заостануваше за сет, а до победата стигна со пресврт за конечни 3:6, 7:5, 3:6. , 7:5, 7 :6(4) против Американецот, инаку 14. носител. Мечот траеше 4 часа и 21 минута, а по него Надал се уште е во игра за својата 23. Грен слем титула.

Надал, кој годинава веќе ги освои Австралија опен и Ролан Гарос, се бореше против Фриц и неговите повреди, но успеа да најде начин до победата и покрај тоа што заостануваше со 0:1 и 1:2 во сетови. Покрај повредата на стапалото, која го мачи од почетокот на турнирот, Надал за време на мечот побарал и лекарска помош поради повреда на стомачните мускули. Тој не се предаде и на крајот оствари голем пресврт.

Ова беше трета меѓусебна средба и втора победа за Надал, кој со тоа го врати поразот на Фриц на Мастерсот во Индијан Велс годинава. Леворакиот Шпанец за место во финалето ќе игра против Австралиецот Ник Киргиос, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.

Надал сега го чека 10. меч против Ник Кирјиос, во кој ќе ја бара четвртата последователна победа и седмата севкупна победа. Последната нивна средба се одржа во четвртфиналето на Индијан Велс годинава, а Надал славеше тешка победа со 7:6(0), 5:7, 6:4.