Надал со спротивен став околу оној на Ѓоковиќ за линиските судии

Рафа Надал го прокоментира ставот на неговиот ривал Новак Ѓоковиќ околу тоа дали е потребно да има линиски судии на секој поголем натпревар.

Наместо луѓе, Ѓоковиќ смета дека треба да има само „хок-ај“ систем, но шпанскиот тенисер не е баш расположен за таква иницијатива и идеја.

Секој има право на свое м ислење, јас не сакам да правам расправии. Обожавам кога на терен се излегува на традиционален начин, со линиски судии, но видов и што рече Ѓоковиќ на Ролан Гарос, дека смета дека судиите не се потребни. Секој има свое мислење и треба да се почитува. Јас лично верувам дека е подобро кога судиите се тука, но човек мора да се навикне на сите околности“.

„Така би можеле да кажеме дека и судиите на столчето не се потребни, ако веќе одиме кон тој правец. Може наместо тоа да се прави видео анализа, да ја прашаме видео технологијата ако имаме дилема, на крајот може да бидеме само ние двајца на терен, но повторувам, сакам да видам судии на тенисот бидејки сакам човечки фактор во спортот, тоа им дава повеќе вредност и достоинство“, порача Рафа Надал.