Надал со ШОК: Шпнанецот го откажа Вимблдон и Олимписките игри

Светскиот рекет број два Шпанецот Рафаел Надал денес објави дека се откажува од својот настап на грен слем турнирот Вимблдон и Олимписките игри во Токио, додавајќи дека одлуката ја донел со цел да ја продолжи својата кариера.

Шпанскиот тенисер рече дека двонеделниот јаз помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон, кој започнува на 28 јуни, не е доволно време за да се одмори по напорниот дел од сезоната на земјените терени на кои играше пет турнири.

„Одлучив да не учествувам на овогодинешните Вимблдон и Олимписките игри во Токио“, напиша 35-годишниот Надал на Твитер.

„Никогаш не е лесно да се донесе таква одлука, но откако го ислушав моето тело и разговарав со мојот тим, сфаќам дека тоа е правилна одлука”.