Надал со кратко објаснување: Зошто Ѓоковиќ го победи годинава на Ролан Гарос

Рафаел Надал истакна дека Новак Ѓоковиќ заслужено го доби полуфиналето на Ролан Гарос годинава, но дека се на дева на тој трофеј идната.

Ѓоковиќ во полуфиналето славеше во четири сета, за потоа во финалето да го добие Стефанос Циципас и со тоа да им се доближи на водечките двајца по титулите, Федерер и Надал.

Токму Рафаел Надал сега истакна за Ѓоковиќ дека е тенисер без никакви дефицити.

Во полуфиналето тој беше попаметен од мене во важните моменти, чувствував дека и е посвеж од мене на моменти. Посакував да ја продолжам мојата серија во Париз, но нема зошто да жалам. Мотивиран сум за следната година да го вратам тој трофеј“, истакна Рафаел Надал.

Тој и за Федерер даде позитивна изјава:

Неговите противници тешко предвидуваат кој ќе биде неговиот следен потег, затоа што има разни варијации во играта и тоа е она што плени кај него“.