Надал со коментар за претстојниот турнир Вимблдон

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, одработи полесен тренинг на тревна подлога, прв по освојувањето на Ролан Гарос.

Иако многумина веруваа дека тој поради повредата на стапалото нема да настапи на Вимблдон, сепак, Надал ќе биде дел од овој турнир.

Шпанецот низ кариерата, два пати има го освојувано Вимблдон, 2008 и 2010 година.

“Во овој момент, Вимблдон е мој приоритет. Гренд слем турнирите се секогаш мој приоритет. Телото ќе ми даде одговор дали ќе одам во Лондон или не. Дури по одработениот тренинг, кој со време ќе го појачувам, ќе знам дали ќе настапам на Вимблдон“, порача Надал.