Надал со експертиза за неговата елиминација во Монте Карло

По поразот на Новак Ѓоковиќ во Монте Карло, срушено е уште едно големо име – Рафаел Надал.

Шпанецот е поразен од Андреј Рибовљев во четвртфиналето на Мастерстот во Монте Карло. По натпреварот, Надал прокоментира за својот пораз.

Кога играте вака против еден одличен тенисер како Рибовљев, тогаш ќе загубите. Од некои причини, јас имав проблеми со сервисот, тој сегмент ми беше катастрофален на овој натпревар и тоа влијаеше на останатите сегменти во играта, ми го отргнуваше фокусот“.

„Рибовљев играше добро, пред се агресивно, што знаев и дека ќе го прави. Што се однесува до мене, пропуштив шанса за да ја почнам сезоната на добар начин. Бекхендот ми беше добар, но не можев на тој начин да се отворам. Имав уште некои проблематични детали, кои на крајот резултираа со голема разлика и пораз. Се надевам дека овој меч е само еден случај од кој ќе научам и ќе ја подобрам играта за во Барселона“, порача Надал.