Надал се откажа: Немам избор

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да не игра на Мастерсот во Монтреал.

„Бикот од Мајорка“ се врати на тренинзите по повредата на Вимблдон пред неколку дена, сепак, смета дека периодот на опоравување и подготовка треба да трае малку подолго.

Сопственикот на 22 грен слем титули почувствувал мала непријатност на тренингот во четвртокот, поради што не сакал ништо да ризикува.

„Се надевам дека повторно ќе играм во Монтреал, турнир кој го сакам и кој пет пати сум го освоил пред публика која секогаш ме дочекувала. Немам друг избор освен да размислувам за моето здравје во овој момент“, напиша Надал меѓу другото, на Твитер.

Турнирот во Монтреал ќе се игра од 7 до 14 август, а таму нема да биде ниту Новак Ѓоковиќ.

Надал го освои во 2005, 2008, 2013, 2018 и 2019 година, што беше последно издание на ова натпреварување.