Надал сака да игра на Вимблдон, но не престанува да се жали: Нешто чудно ми се случува со ногата

На денешната прес-конференција во Мајорка, Рафаел Надал потврди дека неговиот план е да игра на Вимблдон за прв пат по 2019 година.

“Планот е да отпатувам за Лондон во понеделник. Ако патувам, тоа значи дека планирам да играм. Ќе тренирам една недела. Болките во стапалото ми се помали, но поради третманот се случуваат чудни работи, понекогаш ногата ми заспива“, изјави Шпанецот.

„Среќен сум, секојдневно трпам помалку болки. Морам да почекам и да видам како ќе се развиваат работите во наредните недели“, изјави Надал. “Возбуден сум, немам играно на Вимблдон три години. Не знам што ќе се случи во следните пет дена. Внимателен сум, но она што се случи досега ми дава надеж”, продолжи Надал. Тој истакна дека последните три години не играл на трева. Во 2019 година тој беше поразен од Роџер Федерер во осминафиналето на Вимблдон.

„Денес тенисот е непредвидлив спорт, додека во последните неколку години беше предвидлив бидејќи тројца или четворица играчи главно се бореа за најголемите турнири“, рече 36-годишниот Надал, истакнувајќи дека е прерано да се даде дефинитивен одговор дали да игра во Вимблдон, кој последен пат победи во 2010 година. Вимблдон започнува на 27 јуни.