Надал рутински против Ебден до 3. коло на Австралија Опен

Шпанецот Рафаел Надал лесно успеа да го победи својот противник во 2. коло од Австралија Опен и да го добие со 3:0.

Надал рутински го одработи триумфот 6-3, 6-2 и 6-2 против Метју Ебден и се пласираше во третото коло од турнирот во Австралија.

Следната пречка на Надал во А встралија ќе биде подобриот од дуелот меѓу Лаксонен и Де Минаур.

Нешто пред мечот на Надал, победи остварија и Григор Димитров над Пабло Куевас и Роџер Федерер против Британецот Еванс.