Норвежанецот Каспер Руд, во моментов се наоѓа на јужноамеричка турнеја заедно со шпанскиот колега Рафаел Надал.
Тие двајца ќе настапат во повеќе земји, а прва станица ќе им биде Аргентина. Руд инаку, како дете бил голем навивач на Рафаел Надал, а единствениот пораз од Шпанецот тешко му паднал.
„Би го менувал финалето на Австралија Опен во 2012 година, тој долг меч на Надал против Ѓоковиќ“.
Тоа финале во Мелбурн му припадна на Ѓоковиќ по пет сета и пети часа и 53 минути игра, што е најдолго финале во Гренд слем историјата.
„Тоа беше меч поради кој се чувствував лошо потоа со часови“, порача Руд, на што се надоврза Надал.
„Морате да го побарате Новак Ѓоковиќ, да видите дали сака да го врати трофејот“, рече во шега, Рафаел Надал .