Надал повторно на втората позиција на АТП листата, ја намали разликата со Ѓоковиќ

Рафаел Надал е повторно на второто место на новата АТП-листа.

По освојувањето на трофејот во Барселона, по 12-ти пат во кариерата, шпанскиот тенисер направи скок од третото на второто место, туркајќи го Русинот Данило Медведев.

Надал сега има 9.810 поени, додека Русинот загуби 150 поени и има 9.700 поени.

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои третата титула на Србија опен, но сепак е стабилен на чело на тенискиот караван.

Ѓоковиќ, кој стигна до полуфиналето во Дорќол, се подобри за 90 поени во споредба со претходната недела, па сега има 11.963 поени.

Сепак, Надал успеа да ја намали разликата со Новак за вкупно 230 поени во споредба со претходната листа.

Нема сомнение дека продолжувањето на трката за бодови оваа пролет ќе биде возбудливо.

Скокот на Надал од третото на второто место е исто така единствениот потег во првите десет оваа недела.