Надал по неверојатниот пресврт рече дека му е жал!

Рафа Надал го победи Данил Медведев по нестварниот пресврт кој го режира шпанскиот тенисер.

Надал во третиот сет губеше со 0:4 и 1:5, но успеа сензационално да се врати и да го добие натпреварот.

Имав многу среќа, жалам за Данил, ова е тежок пораз. Играше подобро од мене во третиот сет, но ова е еден од моите најубави денови“.

„Тешко е кога имате два брејка предност, а потоа загубите. Мислев дека имам шанса за пресврт. Мислам дека бев малку подобар на крајот“, рече Надал.